Партиите продолжуваат со претставување на изборните програми

Уште осум дена остануваат до крајот на изборната кампања, а партиите во петок продолжуваат со претставување на изборните програми.

Според распоредот, владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе има митинзи во Свети Николе, а потоа централен митинг во Штип.

СДСМ ќе биде на југот на земјата, со митинг во Валандово, па потоа во Гевгелија.

Коалицијата за промени и правда ќе биде во Гевгелија, а ДПА во Желино.

Демократската Унија за Интеграција, ја продолжува збиената изборна кампања при што се испланирани промоции на проекти во регионот на Полог, како и средби со граѓани во Струга и околина, каде што се предвидени разговори со различни групи на интерес.