Партиите се договорија: Избори на 11-ти декември

Изборите ќе се одржат на 11-ти декември. Договорот вечерва во Клубот на пратениците го потпишаа лидерите на четирите најголеми политички партии.

Согласно договорот од 20 јули годинава, преодната Влада која ќе ги организира изборите треба да биде избрана на 2-ри септември.

Нов уредник на информативната програма на МТВ ќе биде Санта Аргирова чиј мандат ќе започне од 2 септември и ќе трае до крајот на изборниот процес.

На лидерската средба е договорено и Љуљзим Хазими да биде петтиот член на Привремената комисија за следење на медиумското претставување, која исто така ќе работи до крајот на изборите.