Партијата на Ердоган најави чистка во сосптвените редови

Турската владејачка партија АКП наложи чистка во сопствените редови, посебно на симпатизерите на пребеганиот проповедник Фетулах Ѓулен.

Речиси 60.000 лица, меѓу кои и воени ли ца, судии и просветни работници се суспендирани  или отпуштен и по неуспешниот обид за воен преврат.

Претставникот на АКП, Хајати Јазичи изјави дека е издаден налог за отпуштање на сите онир што се поврзани со Ѓулен, пренесуваат турските медиуми.

Ѓулен кој од 1999-тата година е во сојузната американска држава Пенсилванија и против кого е издаден налог за апсење беше близок соработник на Реџеп Тајип Ердоган до 2013-тата година, додека Ердоган сеуште беше премиер.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.