Партијата на Меркел победник на изборите во Северна Рајна-Вестфалија

Христијанско-демократската унија (CDU) на германската канцеларка Ангела Меркел е победничка на изборите за локалниот парламент во сојузната покраина Северна Рајна Вестфалија, а Социјалистичката партија на Германија (SPD) го оствари најслабиот резултат во повоената историја во оваа најнаселена германска сојузна земја, покажаа анкетите на јавните сервиси АRD и ZDF во неделата.

Според излезните анкети, објавени по затворањето на избирачките места, Христијанско-демократската унија (CDU), додека Социјалистичката партија на Германија (SPD) освоила 30, 5 отсто, што е дури 8-процентни поени помалку отколку пред пет години.

Либерално-демократската партија (FDP) со 12 отсто е третата според моќта партија во парламентот во Диселдорф, партијата Зелени освоила 6, партијата Левица – 5, а европскептичната и антидоселеничка Алтернатива за Германија (AfD) дури 7,5 отсто од гласовите.

Со тоа коалициската сеоцијалдемократско-зелена влада на премиерката Ханелора Крафт од SPD по пет години го загуби мнозинството. Инаку Северна Рајна-Вестфалија со децении, со мали прекини, беше во власт на социјалдемократската партија.

Ваквиот исход се смета за тежок удар за новиот претседател на SPD и донеодамнешен претседател на Европскиот парламент, Мартин Шулц, кој ќе биде противкандидат на Ангела Меркел на изборите за Бундестагот во септември. Ова се третите покраински избори кои SPD ги загуби откако Шулц ја презема партијата.

Изборите во Северна Рајна-Вестфалија се сметаат за најдобриот показател за расположението кај избирачите во пресрет на изборите за сојузниот парламент кон крајот на септември. Со речиси 13милиони гласачи, оваа сојузна покраина е најнаселената.

Првите нецелосни официјални резултати ќе бидат објавени во текот на ноќта.