Партијата на Власите дава поддршка за големиот граѓански собир за силна Македонија

Партијата на Власите од Македонија како дел од широката коалиција за Подобра Македонија ги повикува сите членови, симпатизери и граѓани на Република Македонија без разлика на национална и верската припадност да присуствуваат на сенародниот митинг за Посилна Македонија кој ќе се одржи на 18. мај во Скопје со почеток во 20 часот.

Со вашето присуство уште еднаш ќе ја потврдите почитта кон бранителите и силата на македонскиот народ и резултатите постигнати на Владата за подобра, просперитетна, стабилна европска Македонија, велат од партијата на Власите.