Партијата на Вучиќ е на пат да освои апсолутно мнозинство на предвремените парламентарни избори

Српската напредна партија на Александар Вучиќ има највисок рејтинг меѓу партиите во Србија, пишува денеска српскиот весник „Блиц“.

Според анкетата направена од институтот ЦЕСИД , по нарачка на весникот за партијата на Вучиќ би гласале 44 отсто од гласачите. Српската напредна партија, според „Блиц“, е на пат да освои апсолутно мнозинство на предвремените избори, бидејќи има три пати поголем рејтинг од првата партија противник.