Партиската агенција „Оса“ апсела во име на СДСМ и државата

Партиската агенција „Оса“ со вперен пиштол во деца апсела во име на СДСМ и државата, според податоците кои ги има објавено весникот „Дневник“, а кои можат да се најдат низ архивите на интернет просторот, пренесува „Курир“.

-Маскирани лица со ознаки на агенцијата за обезбедување “Оса”, предводени лично од Бранко Бојчевски, на 9 мај лани извршија претрес во нашиот дом, при што на моето тригодишно девојче, кое беше извадено од своето креветче, цело време му беше вперен пиштол во главата. Истото се има случено и врз деветгодишниот син на Александар Цветков при неговото апсење. Ова е само дел од изјавата на Мирјана Стојкова, сопруга на обвинетиот Горан Стојков, за начинот на кој бил апсен и за постапките на надлежните органи и поединци од власта што следеле потоа. Нејзината изјава е дел на претставката што сопругите на обвинетите за “Раштански Лозја” на 12 јануари ја доставиле до постојаната собраниска Комисија за заштита на слободите и правата на граѓаните, во која тие сведочат за незаконитости при апсењето на нивните сопрузи и начинот на кој се прибирани докази против нив. Тие бараат од Комисијата да “ги покрене механизмите за одговорност на сторителите на злоупотребите”, а како наредбодавец го посочуваат ексминистерот за внатрешни работи и експремиер Хари Костов, пишуваше ДНЕВНИК.

Сопругите на обвинетите Стојков, Цветков и Кикереков обвинуваат дека апсењето на нивните сопрузи не го извршиле полицајци, туку вработени во агенцијата “Оса”, а автомобилите со кои биле однесени биле без регистарски таблички. Тие го обвинуваа Костов за злоупотреба на службената положба бидејќи вршел притисок, се заканувал, уценувал и ги уценувал нивните сопрузи за да дојде до докази за обвинувањата и тоа го сметаат за реванш за кривичната пријава против него од пред неколку години, кога бил директор на банка. Шеф на обезбедувањето на банката тогаш бил Бојчевски.

“Како им е платено на стотината вработени во „Оса“ за апсењето и дали станува збор за преќутно постоење на парадржавни механизми и служби кои по потреба ги заменуваат функциите на државата?”- прашуваат сопругите.

Сопругата на Митко Кикереков, Сунца, во изјавата сведочи дека, иако нејзиниот сопруг не давал отпор при апсењето, му била ставена ќулавка на главата и бил удиран со тупаници пред очите на двете малолетни деца. Таа вели дека Костов, во присуство на директорот на УДБ Зоран Верушевски и на адвокатот, му понудил на нејзиниот сопруг да потпише изјава за да не биде обвинет. А кога Кикереков одбил, Костов му пружил рака и му рекол: “Нека ти е со среќа доживотен затвор”.