петок, 2 декември 2016  |  Вести денес: 0

Партиски пајташ на Заев зема милиони од струмичани преку гасот

zaev

Последни вести

Во Струмица, гас се набавува од фирма чиј газда и директор е претседател на комисијата за енергетика на СДСМ Митко Андреевски. Освен партиската поврзаност и злоупотребата на службена должност од функционерите во општина Струмица за партиски цели, најстрашното е што гасот кој ЈП “Струмица гас” му го плаќа на партискиот другар на Заев е двојно поскап од сите други во државата. Со тоа, Струмица гас му овозможува на и “СИ ЕН ЏИ Системс” да остварува милионски профит, кој потоа може да преспоставиме за кои намени и меѓу кои луѓе се дели, пишува Вечер.

„Оваа гасна станица зад мене им го поевтини и олесни животот и работењето на граѓаните, институциите и фирмите во Струмица. До денес, само Струмица и Куманово го користат гасот, кој е евтин и еколошки енергенс. Тука сум за да ви ветам по 11 декември, вакви гасни станици ќе има уште во 32 града во Македонија. Ќе ја гасифицираме цела Македонија. Ние Македонија ќе ја поврземе со ТАП, еден од познатите европски гасоводни системи и со преносните системи на соседните земји и ќе им помогнеме на домаќинствата, станбените згради, индустриските објекти и оранжерии да инсталираат системи за гас“, порача Заев

Оваа порака снимена во видео претседателот на СДСМ и градоначалник на Струмица Зоран Заев, ја користи во предизборна кампања за изборите закажани во декември 2016 година.

Газдата на фирмата што ја снабдува општина Струмица со гас е претседател на комисијата за енергетика на СДСМ

Вечер истражуваше: дали навистина гасот во Струмица им го олесни и поефтини животот на струмичани, или обратно: плаќаат многу поскапо? Зошто струмичани плаќаат поскап гас од струја? Зошто гасот во Струмица е поскап од струјата?

Струмица се гасифицираше во 2010 година. Во 2012 година, со свеченост беше пуштена во употреба гасната станица. Од тогаш до денес, според нашите информации, “Струмица-гас” купува гас само од една компанија: Друштвото за трговија и услуги “СИ ЕН ЏИ системс” ДООЕЛ извоз- увоз Скопје. Според податоците од Централен регистар, компанијата е основана е во 2011 година, од Биљана Станголева Андреевска, а управител е Митко Андреевски, дефектолог. Тој исто како и Зоран Заев е член на СДСМ и стана претседател на нивната партиска комисија за енергетика.

mitko-andreevski

Ем ги мафтаат, ем ги осиромашуваат струмичани?!

Според нашите информации, ЈП “Струмица гас” (претпријатие на општина Струмица) го плаќа над 28 денари за метар кубен кон “СИ ЕН ЏИ Системс” на Андреевски! Само за компарација, просечната цена по која ЕЛЕМ го набавува гасот е под 13 денари за кубен метар, а, киловат струја чини 4,8 денари за домаќинства, а за мали фирми е 5,75 денари за киловат час. Простата математика вели дека ЈП “Струмица-гас” и “СИ ЕН ЏИ Системс” заработуваат двојно на грбот на сите струмичани со прескапиот гас, за кој велат дека им го поефтинил животот. А всушност им го поскапел, бидејќи не само што плаќаат поскап гас од сите други во Македонија, туку и гасот им е поскап од струјата. Дали гасот ЈП “Струмица-гас” го набавува преку тендери или во директна спогода, Вечер до затворањето на овој број не успеа да добие информација. Од вечер испративме 9 прашања и до Струмица гас и до општината, но, одговор, како што се наведува во текстот, не добиле.

Ова се прашањата до “Струмица-гас” и до општина Струмица: Дали јавното претпријатие за енергетика Струмица Гас, во Струмица има распишано тендер за избор на фирма за снабдување на Струмица со гас?,  Која е цената по која се набавува и продава гасот?, Дали може да ги добиеме на увид документите од тендерот?  Која е избраната фирма?,   Кои се другите понуди?, Кога на јавен увид може да биде доставен договорот?, Дали избраната фирмата и претходно имала договори со ЈП Струмица гас или не?, Доколку имала, на кои суми се тие договори на фирмата?, Дали секогаш се избира истата фирма за набавка на гас за ЈП Струмица Гас или претпријатието работело и со друга компанија од своето основање до денес?

Се фалат дека прескапиот гас поефтинил?!

ЈП за енергетски дејности „Струмица гас” од први јули 2016 година ја намали цената на природниот гас за 3,5 проценти. Според директорот на претпријатието, Зоран Китанов, од минатата година до денес, цената на гасот е намалена за вкупно 30 насто што не се случило со ниеден друг енергенс.

Минатата година во ова време цената на гасот беше 45 денари со ДДВ за еден метар кубен, а сега е 32 денари. Со тоа, дефинитивно, природниот гас е најефтин енергенс и граѓаните треба да го користат од повеќе причини, посочи Китанов кој не им објасни на струмичани дека плаќаат најскап гас во цела држава.

Најчитани вести