Партиски војници на СДСМ физички нападнаа новинари

Партиски војници на СДСМ физички нападнаа новинарска екипа на неделниот весник „Република“, за време на вршење на професионална задача, објави неделникот на својата интернет страница.

Нападот се случи попаладнево околу 16 часот додека екипата на „Република“ го фотографираше возилото со белградски таблички на српските продавачи на скапа магла паркирано пред штабот на СДСМ. Непознати лица излегоа од зградата и прво вербално ја нападнаа екипата, а потоа и се обидоа да му го одземат фотоапаратот на фотографот. Откако не успеаја во намерата, насилниците му го одзедоа телефонот по што го внесоа во зградата. По извесно време еден од насилниците го фрли телефонот во дворот.

Екипата на „Република“ во моментот на инцидентот работеше на сторијата за српските советници на Заев познати како сејачи на скапа магла, кои се редовни гости во штабот на „Бихаќка“.

СДСМ до сега одбиваше да одговори на прашањата што ги советуваат овие лица колку чинат нивните услуги и со кои пари ги плаќа Заев.

И покрај обидот на СДСМ да ја замолчи „Република“ и да нѐ принуи да се откажеме од следењето на оваа приказна, ги информираме сите на „Павел Шатев“ дека во иднина уште посериозно ќе ги следиме посетите на српските сејачи на магла.

Во исто време за инцидентот ќе бидат информирани сите релевантни новинарски здруженија во Македонија и странските амбасади и меѓународните претставници.