Партиските лидери со заедничка изјава: Продолжуваме со дијалогот за доброто на граѓаните

Заврши денешната лидерска средба меѓу претседателите на четири најголеми партии во Македонија. Најавено е во понеделник да продолжат разговортите помеѓу лидерите.

За досегашниот тек на средбата која се одржува во Клубот на пратениците политичките лидери Никола Груевски од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев од СДСМ, Али Ахмети од ДУИ и Мендух Тачи од ДПА, за време на паузата информираа преку заедничка писмена изјава.

-Во една тешка недела за државата се сретнавме да дадеме заедничка поддршка на демократските вредности, вклучувајќи го и правото на мирен протест и на осуда на насилството без разлика дали во криминални или политички цели. Ние, исто така се согласивме да продолжиме со дијалогот за унапредување на евроатланската агенда за доброто на граѓаните, се вели во заедничката писмена изјава на четворицата политички лидери.

На средбата, како набљудувачи, присуствуваат амбасадорот на САД Џес Бејли и шефот на мисијата на ЕУ во Македонија, Аиво Орав.