Партизан и Динамо Загреб завршија со Лигата на шампионите

Екипите на Динамо Загреб и Партизан ги завршија настапите во Лигата на шампиони, откако беа елиминирани во 3. квалификациско коло.

Хрватскиот шампион разочара и на Максимир загуби со 2:0 од Алборг, иако имаше предност од 1:0 по првиот натпревар. Јакобсен со два гола беше јунак на данскиот тим.

Партизан одигра без голови во првиот дуел против Лудогорец, но во реваншот резултатот гласеше 2:2, па заради поголем број на постигнати голови на гости бугарскиот тим оди понатаму. Лудогорец поведе благодарение на двата гола на Марселињо, а „црно-белите“ изедначија со погодоците на Шкулетиќ, но Трајковиќ заработи директен црвен картон во 41. минута, па домаќините немаа сили за пресврт.

Резултати, среда:

Зенит (Русија) – АЕЛ (Кипар) 3:0 (0:1)
АПОЕЛ (Кипар) – ХЈК (Финска) 2:0 (2:2)
Малме (Шведска) – Спарта Прага (Чешка) 2:0 (2:4)
Шериф Тираспол (Молдавија) – Слован Братислава (Словачка) 0:0 (1:2)
Бешикташ (Турција) – Феенорд (Холандија) 3:1 (2:1)
Стеауа (Романија) – Актобе (Казахстан) 2:1 (2:2)
ФК Копенхаген (Данска) – Днипро (Украина) 2:0 (0:0)
Салцбург (Австрија) – Карабах (Азербејџан) 2:0 (2:1)
Селтик (Шкотска) – Легија (Полска) 0:2 (1:4)
Динамо Загреб (Хрватска) – Алборг (Данска) 0:2 (1:0)
Партизан (Србија) – Лудогорец (Бугарија) 2:2 (0:0)