Партизан “крена раце” од Еврокупот

Некогашниот европски шампион Партизан донесе официјална одлука да не игра во Еврокупот претстојната сезона.

До пред две години, “црно-белите” беа редовни учесници во Евролигата, но поради финансиските проблеми оваа сезона не успеаја да создадат конкурентен тим, а сега го откажаа учеството и по вториот, по квалитет, куп. Такво нешто беше најавено уште вчера, а денеска официјално потврдено, на состанокот на највисокото раководство.

“Нема да играме во Еврокупот”, кратко потврди претседателот на Партизан, Предраг Даниловиќ.

Откажувањето од Еврокупот би можел да биде само чекор кон се подлабокото тонење на белградскиот клуб. Поради проблемите со финансии, прашање е каков тим ќе има Партизан претстојната сезона, а за враќање во Евролигата веќе не станува збор.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.