Партизан по 13 години нема да игра во Евролигата

Кошаркарите на  Цедевита обезбедија хрватско финале во Регионалната АБА-лига, откако  во второто полуфинале  со звукот на сирената го совлада Партизан со 81:79.

Нолан Смит беше јунак на натпреварот, кој со тројка буквално со звукот на сирената  и донесе победа на екипата од Загреб. Цедевита во големо финале ќе ги одмери силите со градскиот ривал Цибона, која во првото полуфинал ја совлада Црвена звезда.

Црно-белите   по овој пораз останаа без пласман во Евролигата, и тоа првпат по повеќе од една деценија односно точно 13 години. Српската кошарка доживеа дебакл на годинешната завршница од АБА-лига, со оглед на тоа што единствена шанса за настап во најсилното клупско натпреварување, во кое сезонава играа двата белградски ривали, има само Ц. Звезда, и тоа ако ги мине квалификациите.

Миро Билан со 14 поени беше најефикасен во победничкиот тим, додека кај Партизан најефикасен беше  Александар Павловиќ сосо 25 поени.