Партизан се засили со неколку нови играчи – меѓу нив и нашиот Магдевски

Партизан се засили со неколку нови кошаркари, меѓу нив и нашиот Магдевски

По Чедомир Витковац, Александар Цветковиќ и Коста Перовиќ, нов член на “црно-белите” од Белград е и нашиот репрезентативец, Андреј Магдевски.

Овие кошаркари се регистрирани и имаат право на настап на првиот меч од новата сезона во АБА – лигата против Металац.

Магдевски беше дел од јуниорскиот тим на Партизан, од каде замина во Б-тимот на Реал Мадрид, потоа беше и во Уникаха Малага, но, сепак, многу поголема шанса за докажување во сениорска конкуренција ќе има повторно во дресот на Партизан.