Дел од „Партизанска“ утре без вода

Дел од корисниците на „Партизанска“ и дел од корисниците од други улици во општина Центар утре ќе бидат без вода.

Дел од „Партизанска“ утре без вода
Дел од „Партизанска“ утре без вода

Како што информираат од РЦУК, повикувајќи се на известувањето добиено од ЈП Водовод и Канализација – Скопје, утре  (14.09.2015), поради давање на водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник од Ф – 80 мм на Бул. „Партизански Одреди“ бр. 52,  без вода ќе останат повеќе корисници.

Прекин во водоснабдувањето ќе има од 09.30 часот и тоа за корисниците од дел од булеварот „Партизански одреди“ и улиците „Дане Крапчев“, „Мајаковски“ и „Црвена Вода“ во општина Центар.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.