Партнерите на „Евергрин Енерџи“ ќе се запознаат со индустриските зони во Охрид

Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески денеска ќе ја посети фабриката за камини на пелети „Евергрин Енерџи“, која последниве години станува еден од најголемите извозници во Југозападниот регион од Македонија и извезува производи во над 20 земји од Европа.

Компанијата произведува камини од сопствен бренд, но и ултрамодерно дизајнирани камини на пелети за Италија кои се произведуваат под италијански бренд.

„Евергрин Енерџи“ постојано го зголемува извозот и бројот на вработените, а последниов месец инвестирано е во нови машини и опрема.

На средбата градоначалникот со менаџментот на „Евергрин енерџи“ ќе разговара и околу можноста, слободните индустриски зони да се презентираат пред бројните партнери на „Евергрин енерџи“ во Европа со цел над дваесет големи фирми од Европа да ги осознаат можностите за инвестирање во општината.