Партнерката на Шарбоније: Можевме да го избегнеме масакрот

Жанет Бoуграб, партнерка на Стефан Шарбоније, главниот уредник на Шарли ебдо, во интервју за француската телевизија TF1 изјави дека масакарот се должи на несоодветното обезбедување во канцелариите на неделникот.

– Јас не го загубив Шарли ебдо. Јас загубив некој кој го сакам. Овде сум, не како поранешен министер, туку како жена која го загуби својот човек, кој беше убиен од варвари. Пред да го засакам му се восхитував и го сакав поради тоа што беше, затоа што беше храбар и сметаше дека неговиот живот е нешто неважно додека ги бранеше своите идеали. Дали познавате некој кој е подготвен да умре за своите идеали денеска? Не. Затоа што тие штотуку починаа, беа убиени. Тоа е реалноста, можевме да го избегнеме масакрот. Можевме, а не го избегнавме, изјави таа.