Партнерот на „Мадам Пепи“ екстрадиран од Белгија

Партнерот на „Мадам Пепи“, Војислав Будисављевиќ, кој беше осуден во отсуство синоќа конечно е екстрадиран во Македонија.

Будисављевиќ беше второобвинет во случајот „Мадам Пепи“ и тој во Македонија е испорачан од Белгија.

Тој беше осомничен дека како партнер на Персида Момировска, го организирал шверцот на кокаин од Перу во Македонија.

За време на судењето, Мадам Пепи изјави дека за најголем дел од дизајнерските парчиња со потписот на светските брендови плаќала данок.

Инаку Мадам Пепи во јавноста беше позната како снабдувач на македонскиот џет-сет со брендирана роба.

Мадам Пепи заврши во затвор поради шверц на кокаин вреден околу 200.000 евра.

Будисављевиќ беше осуден на 3,5 години затвор.