Магазин

Партнерот ‘рчи? Еве го спасот за вас!

Партнерот ‘рчи? Еве го спасот за вас!

Доколку сте жртва на ‘рчењето на вашиот партнер, или пак токму вие имате проблем со оваа несакана појава додека спиете, овој рецепт за природен напиток е вистинското решение за вас.

 

Со овој природен напиток ќе се ослободите од тешкото дишење и вашата слузница ќе се нормализира. Автоматски вие и вашите најблиски конечно ќе добиете мирен сон.

Начин на подготовка

Магичниот напиток се прави на следниот начин: добро измијте и излупете две јаболки, два моркови и парче ѓумбир, а потоа ставете ги во соковник и додадете една мала шолја лимонов сок. Напитокот е готов и спремен за употреба.

Првиот ден, консумирајте го три пати, наутро, пред ручекот и пред спиење, а потоа е доволно да го пиете еднаш дневно.