Партнерство на Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија со Спортскиот клуб „Вардар“

На денешната заедничка прес-конференција, Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија и спортскиот клуб „Вардар“ го официјализираа договорот за партнерство.

Со свеченото потпишување на договорот, играчите на трите клуба– машкиот и женски ракометен клуб „Вардар“и Фудбалскиот клуб„Вардар“ ќе го носат знакот на светски реномираниот бренд.

Задоволството од соработката со клубот „Вардар“, го изрази главниот извршен директор на Т-Мобиле Македонија, Жарко Луковски, истакнувајќи дека поддршкатаќе биде присутна на сите настапи на домашните и странски лиги на клубовите на Вардар.„Наша заедничка цел е да овозможиме што подобри услови за врвни спортски резултати“ истакна Луковски.

„Заедно со Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија денес отвораме нови страници за Спортскиот клуб Вардар. Поддршката на брендот кој е препознатлив насекаде во светот ќе ни даде дополнителен поттик за успех, како на домашните така и на странските терени“ истакна извршниот директор на ракометните клубови Давор Стојаноски.

„Фудбалскиот клуб „Вардар“ уште од 1947 година го понесе името Вардар и го врежа во историјата на македонскиот спорт. Пред него претстои нова иднина, многу натпревари пред домашната и интернационалната публика“ – истакна Самоил Симев, извршен директор на Фудбалскиот клуб „Вардар“.

На настанот беа присутни претставници на играчите на трите спортски клуба на Вардар, а воедно беа најавени и следните спортски настапи на клубовите на Вардар.