вторник, 25 јули 2017  |  Вести денес: 36

Дали знаете што е „пасивна куќа“?

Пасивната куќа навидум е како и секој друг дом во кој луѓето можат да живеат, но она што е толку посебно во поглед на овој вид на градба е фактот што станува збор за објект кој бара екстремно малку енергија за греење и ладење. Пасивната куќа придонесува до заштеда и на 90% енергија споредено со класичните европски градби, и до над 75% споредено со заштедата на енергија кај поновите градби.

Пасивна куќа: Ниски трошоци, висок комфор

Пасивна куќа: Ниски трошоци, висок комфор

Поврзани вести

Најновите иновативни техники и методи за заштеда, но и промената на секојдневните навики се првиот чекор за енергетска ефикасност.

Насоката за специјализирање во сферата на проектирање и изведба на пасивни објекти е она што ја издвојува Цивкон АГИ од останатите градежни компании во Македонија. Основната цел на компанијата е во Македонија и регионот да го воведе стандардот на пасивна куќа, што ќе значи и еден нов начин на изведба на градбите кои се долготрајни пријатели на животната средина, намалувајќи го загадувањето и обезбедувајќи на секој клиент совршен дом за живеење.

„Пасивната куќа“, како стандард на градење кој е истовремено енергетски ефикасен, комфорен, еколошки и достапен секому, пред неколку денови во Охрид беше презентирана од Aндреј Андреев, единствениот сертифициран дизајнер за пасивни куќи во Македонија и технички директор на Цивкон, во склоп на едукативниот серијал „Енергетска математика” на ЕВН.

„Пасивната куќа“ навидум е како и секој друг дом во кој луѓето можат да живеат, но она што е толку посебно во поглед на овој вид на градба е фактот што станува збор за објект кој бара екстремно малку енергија за греење и ладење. Овој систем на изградба на градежните објекти автоматски обезбедува совршен квалитет на воздухот и највисоки можни комфорни услови за живот.

 

Основната придобивка од ПАСИВНАТА КУЌА е ниската потрошувачка на енергија. Единствено градбата која што реално ќе ги исполни условите за потрошувачка на енергија за греење и ладење од максимум 15 kWh/ m2 на годишно ниво, може да се стекне со приматот Пасивна куќа.

Сепак, ПАСИВНАТА КУЌА е нешто повеќе отколку само градба со ниска потрошувачка на енергија.

  • Пасивната куќа придонесува до заштеда и на 90% енергија споредено со класичните европски градби, и до над 75% споредено со заштедата на енергија кај поновите градби.
  • Преку комбинацијата од воздухонепропусна изолација и високо квалитетните прозорци со тројно застаклување кои што и во зима и во лето одржуваат удобна и изедначена температура во целиот објект, ПАСИВНИТЕ КУЌИ се енергетско најефикасни градби. Нема провев, нема „ладни нозе“, не постојат фуги во зидовите низ кои што се губи енергијата. На скалата на енергетска ефикасност се категоризираат во највисоката А++ категорија.
  • Во однос на нафтата, кај пасивните куќи, употребата на нафта е помала од 1,5 литри потрошувачка на квадратен метар годишно, што е неспоредливо помалку од типичните градби со ниска потрошувачка.
  • Постојат слични заштеди на енергија и кај местата со топла клима, каде градбите бараат повеќе енергија за ладење наместо за греење.
  • Пасивните куќи се исто така познати по нивото на комфор кој го нудат. Тие ги користат енергетските извори внатре во градбата, како на пример топлината од станарите или соларната топлина што влегува во зградата, со што затоплувањето е навистина полесно.
  • Посебните прозорци во комбинација со добро изолирани надворешни ѕидови и подна плоча ја заржуваат посакуваната топлина во куќата, а непосакуваната останува надвор.
  • Во Пасивната куќа постои контролирана вентилација која игра една од клучните улоги во овие домови. Системот за вентилација овозможува достава на хигиенски безпрекорно чист воздух, без прав, полен и други честички. Циркулацијата на воздухот почнува со постојана достава на свеж воздух во просториите за дневен престој, спалните соби, детските соби, додека преку кујната, купатилата и тоалетите се извлекува користениот воздух, вишокот на влага и миризбите од просториите во кои што тие настануваа
  • Вентилациониот систем доследно ја снабдува градбата со свеж и квалитетен воздух без притоа да предизвикува непријатна промаја. Уредот за високо ефикасно обновување на топлината дозволува повторно да се употреби истата која се содржи во издувниот воздух.

4

Големите заштеди на енергија се постигнуваат преку дополнување на стандардното градење со користење на специјални градежни компоненти и квалитетен вентилационен систем.

Стандардот за пасивни куќи е градежно оржлив стандард и со Одлуката на Европскиот парламент од 31 јануари 2008 година се повикува на нејзина имплементација на сите држави членки до 2011 година. На 17 ноември 2009 година, Европскиот парламент и Советот ја одредиа 2020 година како краен рок за изградба на сите нови згради кои би биле приближно до градби со нула енергија.

Пасивната куќа не поставува никакви посебни барања до корисниците туку го дава токму спротивното:

– провев нема од никаде

– еднаквата температура на просторот и на површините се обезбедува самата од себе

– за вентилирањето нема потреба од грижи, удобноста за корисникот е вградена во концептот.

Првата пасивна куќа во светот била изградена во Дармштадт во Германија во 1991 година. Додека градбите изградени во седумдесеттите и осумдесеттите години на минатиот век биле наречени пасивни соларни дизајни кои што имале за цел да ја впиваат топлината од сонцето, системот на пасивни куќи оди неколку чекори понапред, додавајќи супериорна изолација, херметичка изградба, енергетски ефикасни прозорци и внимателно контролирана вентилација како основни елементи на изградбата на домот.

Најчитани вести