Пасивното пушење тешко ги оштетува детските артерии

Пасивното пушење предизвикува трајно оштетување на детските артерии кои престојуваат во зачадена просторија и исто така предизвикува предвремено стареење на нивните крвни зрнца за повеќе од три години, соопштија научниците.

Здебелувањето на ѕидовите на крвните садови го зголемува ризикот од срцев удар во покасни години, наведуваат научниците во магазинот „Европско срце“. Тие, во истражувањето кое опфатиле повеќе од две илјади деца на возраст од три до 18 години заклучиле дека исклучителна штета настанува ако и двајцата родители се пушачи. Стручњаците велат дека не постои безбедно ниво на пасивно пушење.

Истражувањето е спроведено во Финска и Австрија и било фокусирано на физичките ефекти од растењето во дом во кој има чад од цигари, иако невозможно е потполно да се исклучат и останатите фактори.

„Нашата студија покажува дека изложувањето на пасивно пушење предизвикува директна и неповратна штета на структурата на артериите,“ изјави авторката на студијата д-р Сина Гол.

Таа инсистираше на тоа дека родителите или тие кои размислуваат за тоа да постанат родители треба да престаната да пушат, бидејќи не само што ќе си го подобрат здравјето, ќе го заштитат и здравјето на нивните деца.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.