Паскали: Македонија и Грција да ја побараат Русија за медијатор

Грчко – македонската конфронтација не е од корист за двете земји и претставува не само неподнослива ситуација за Македонија, туку, исто така, и добро оркестрирана инфекција на Балканот според класичната поговорка „раздели па владеј“. Двете земји треба да ја побараат Русија за медијатор во спорот за името, оти таа има волја и интерес да спроведе независна и успешна медијација, изјави американскиот аналитичар и познавач на приликите на Балканот Умберто Паскали во интервју за Програмата „Гласот на народот“.

– Корумпираните анти-европски бирократи во Брисел никогаш нема да го решат проблемот. Истото се однесува и на т.н. меѓународна заедница. Македонија и Грција треба да побараат Русија да интервенира како чесен посредник, почитуван од двете страни, како и во добри односи со Турција и поголемиот дел од земјите на Балканот, нагласува амариканскиот експерт за македонско-грчкиот спор.

Задржувајќи се на проектот „Јужен поток“, и можната изолација на рускиот претседател Владимир Путин од страна на САД и ЕУ, познавачот на политиката на САД и Москва, категоричен дека од промената на трасата на гасоводот најмногу изгубила Бугарија.

– Путин ја даде својата изјава во врска со Јужен тек за време на неговата посета на Анкара на 1 декември, веднаш по објавата за историскиот договор со Турција. Јужниот тек нема да минува низ Црното Море и да оди во Бугарија, туку, наместо тоа ќе минува низ Турција со годишен капацитет од 63 милијарди кубни метри. Понатаму, гигантски центар на гасоводна мрежа ќе се формира на границата помеѓу Турција и Грција што ќе биде способна за снабдување на Балканот и Јужна Европа. Овој проект, се разбира, е многу интересен за Македонија, земјата што се наоѓа најблиску до центарот. Ова ги осуди државјаните на Бугарија да им плаќаат данок на Турција, Грција, па можеби дури и на Македонија, на чија територија би можел да поминува новиот гасовод. Бугарските државјани загубија огромен износ на приходи,  откако беа обележани како несигурни, и во бизнисот и во политиката, нагласува Паскали.

Според него, ситуацијата е далеку од тоа дека Путин е изолиран.

– Деновиве, Путин беше пречекан од страна на Индија како вистински верен пријател и сојузник. Тој потпиша невидени економски и воени договори. Индија, исто како и Турција, без дискусија ги отфрли налудничавите барања за санкции против Русија од страна на Вашингтон. Пред неколку недели, Москва потпиша втор огромен енергетски договор со Кина, додека двете земји брзо се посготвуваа за воена координација, па дури и интеграција, вели американскиот аналитичар.

Тој смета дека санкциите од САД и ЕУ не успеале да ја изолираат Русија, со оглед дека Москва во меѓувреме ги зацврсти односите со Кина, Индија.

– Дали Русија е изолирана по спроведувањето на санкциите? Па, ајде да видиме кој кого изолирал. Соединетите Американски Држави и Канада имаат популација од околу 350 милиони жители; целата Европска унија е околу 500 милиони жители. Кина, од друга страна, има 1,37 милијарди и Индија 1,25 милијарди жители, без да ја броиме Латинска Америка, каде што во основа, секоја земја ги отфрли санкциите, а неколку од нив се економски, па дури и воени сојузници на Русија, појаснува Паскали.

Запрашан, како ќе се одрази откажувањето на буграската Влада да даде дозвола за изградба на дел на гасоводот  Јужен поток, со што Македонија ќе го изгуби ова важно снабдување со енергија, Паскали со став дека тоа нема да биде штетно за Македонија.

– Ова беше една од најниските точки на „кукавичлук“ постигнат од страна на Европа под притисоците и уцените на САД, всушност, на банките од Вол Стрит. Тоа беше економско самоубиство. Меѓутоа, јас не мислам дека тоа ќе биде фатално за Македонија, земја која не учествуваше во санкциите што САД ги поведе против Русија, го заштити својот суверенитет и националните интереси и одржува одредено достоинство. Сосема спротивното на Владата на Бугарија, која се стави на страна на Вол Стрит и бирократијата во Брисел спротивно на фундаменталните интереси на својата земја. И, кога праша за надомест од страна на ЕУ, доби шлаканица. „Нема надомест“. Сега Бугарите ќе мора да се справуваат со економските последици од тоа, дециден е  Паскали.

Навраќајќи се на можната медијација на официјална Москва во грчко-македонскиот спор, американскиот аналитичар појаснува дека таа има и интерес и независност да спроведе чесна и успешна медијација.

– Русија има волја, интерес, независност и сила да спроведе чесна и успешна медијација. Јужниот тек, реката на развој што надворешните сили сакаат да ја поткопаат, сѐ уште постои. Турција на Ердоган покажа почетна способност да ја одбрани својата независност, откако ѝ беше ветена нова Отоманска Империја и беше спроведена „обоена револуција“. Земјите, како и лицата, можат да научат од сопствените грешки. Верувам дека може да се воспостави голема доверба во Алексис Ципрас. Тој ќе ги брани вистинските интереси на Грција, без да стане марионета на итрите господари. Затоа треба да се даде шанса за руска медијација, истакнува Паскали.

Што се однесува за и околу ситуацијата на Балканот и однесувањата на премиерите на балканските земји, Паскали со коментар дека македонија веќе подолг период е под притисок на надворешни сили.

– Овие сили ја користат добро платената петта колона на Џорџ Сорос, создавајќи лажни скандали, користејќи го СДСМ, манипулирајаќи со млади луѓе, неуспешно обидувајќи се да започнат обоена револуција. И сепак, за среќа на Македонија, не успеаја во тоа. Политичкото раководство на земјата сѐ уште ги брани своите основни права, дециден Паскали во интервјуто за Програмата „Гласот на народот“.