Паскали: Одлуката на СДСМ е обид за дестабилизација на Македонија

Во рамките на новата Европа што се формира Македонија може да го најде своето вистинско место со взаемна корист, оценува вашингтонскиот аналитичар Умберто Паскали во интервју за Гласот на народот.

„Македонија и нејзините лидери, Никола Груевски и Ѓорге Иванов – што беа толку способни во навигацијата на бурните мориња на меѓународната дипломатија, економија и финансии – треба да постават перископ и внимателно да ја набљудуваат оваа нова Европа што се формира пред нашите очи. Особено Германија!… Европа со вистински суверени нации посветени на развојот на сопствените држави и благосостојба на својот народ. Во рамките на оваа Европа, Македонија може да го пронајде своето вистинско место со взаемно корисен однос“, наведува Паскали.

Оставката на пратеничките мандати на опозициската СДСМ, според Паскали, не може да се гледа на друг начин, освен како „на обид за дестабилизација на Македонија во вид на лоша копија на украинската трагедија“.

Оценувајќи дека СДСМ се уништува себеси Паскали посочува дека е важно да се види кој ги охрабрил, да направат нешто, како што посочува, „толку потенцијално дестабилизирачко“.

Во споредба на македонските социјалдемократи и германската СПД, нагласува дека СДП бележи раст од 9 поени на последните избори и е се повеќе решена да ја брани независноста и економскиот развој на својата земја.

„Погледнете ги поранешните канцелари Шредер и Шмитс со своето противење за конфронтација со Русија наметнати од страна на Вол Стрит!“, посочува Паскали.

Гласањето на европските избори, порачува, не треба да ја плашат Македонија. – Тоа не е фашистичко гласање. Тоа беше глас на револт против политиката на претерано штедење, економско уништување и војната наметната на европските земји од страна на бирократијата на ЕУ во Брисел. И таа бирократија е целосно контролирана од страна на финансиските ограбувачи, вели Паскали.

Според него, „невидениот 30-годишен договор, потпишан на 21 мај во Шангај за 400 милијарди долари, за снабдување на Кина со руски гас, го промени светот. – Овие две земји сега се сијамски близнаци. Големи економски, политички и воени моќи, многу јасно, многу конкретно се појавија во светот. Покрај тоа, овие земји повеќе не го користат доларот, тие ги користат кинеските и руските валути. Поглавјето на старата историја сега е затворено., наведува Паскали, кој ја истакна важноста на организацијата на евроазиските земји, CICA чиј Самит се одржа во Кина, триумф на Путин и Сји Џинпинг. Новата коалиција секако ги вклучува и организацијата БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка), Шангајската организација за соработка итн.

„Ова се новите сили на кои, сигурен сум дека раководството на Македонија ќе гледа со големо внимание. Всушност јас верувам дека ова веќе се случило. Еден нов свет сега е возможен…“, вели Умберто Паскали за Гласот на народот.