Пасквал: Јас сум виновен за поразот, оставете ги ракометарите

Тренерот на Барселона, Чави Пасквал, ја презеде врз себе одговорноста за поразот во полуфинлето од Фленсбург. Тој истакна дека играле со многу осцилациии пропуштиле многу шанси за да излезат како победници.

„Игравме со многу осцилации особено во првото полувреме. На почетокот на вториот дел, Шариќ не врати во игра. Имавме многу шанси да го добиеме натпреварот, но не ги искористивме. Оставете ги ракометарите, јас сум виновникот за поразот“ изјaви Пасквал.

Неговиот соперник Љубомир Врањеш ликуваше и го величаше карактерот на неговите ракометари:

„Ние во ниту еден момент не се откажавме, ниту поголемата негатива. Барав само ракометарите да ја играат нашата игра и да трчаат назад. Ова е голема сатисфакција за мене како млад тренер, за целиот клуб и за нашиот спонзор“ истакна младиот шведски стручњак, кој краток период беше и селектор на Србија, Врањеш.