Патешествие на иселеничка поради СЈО: Останав без лична карта зашто ми ја зела некоја си Kатица

Не живеам во Македонија повеќе од 10 години, но имам лична карта. Последната беше со важност до јуни 2015 година. Мојот татко ми закажа термин за вадење нов документ, па така специјално дојдов во Македонија со намера да си ја обновам личната карта. Се вратив назад, а моите родители неколку пати се обидуваа да го подигнат документот, но тоа морало да се стори лично. Kога дојдов во февруари, разбрав дека личната карта ми е во специјалното обвинителство. Оттаму ме тераа писмено да им се обратам за проблемот.

Ова се зборовите на македонска иселеничка, која веќе подолго време живее и работи во една европска држава.

За „Дневник“ оваа иселеничка анонимно ја раскажа приказната за тоа како кај специјалната јавна обвинителка се заглавени лични документи од граѓани што немаат никаква врска со тоа што се случува во државата и предметите што таа ги води. Но приказната на соговорничката на ДНЕВНИК не е исклучок или редок случај. Kај Јанева, според информации на ДНЕВНИК, се заглавени личните документи на повеќе од 10 илјади граѓани. Најчесто се работи за иселеници или, пак, лица што живеат и работат во еден град, но имаат живеалиште во друг град каде што ја вадат личната карта. Дел од иселениците кои освен македонско државјанство имаат и друго ги известиле и конзултатите на тие држави за проблемот со кој се соочуваат.

Вкупниот број лични карти што држи спцијалното обвинителство, според првичните најави на обвинителката Фатиме Фетаи од СЈО, е 35 илјади. Таа ги најави како крунски доказ дека поранешното раководство на МВР издавало лични карти за фалисификување изборни резултати.

Ако се земат предвид овие бројки тоа би значело дека Јанева кај себе држи лични карти за број на граѓани кој одговара на просечниот број жители што го има еден цел македонски град. Од СЈО сега велат дека сите што ќе побараат да си ги подигнат личните карти,тоа ќе можеда го направат преку МВР, а со нивна меѓусебна соработка.

Се чудев која е Kатица што ми ја држи личната карта

Сега, во февраури кога бев во можност да бидам во Македонија никој не знаеше да ми даде конкретен одговор каде можам да ја најдам личната карта за да ја подигнам. Првиот пат еден господин на шалтерот ми рече дека личната карта ми е земена и тоа со зборовите: „Девојко, избори се, некои лични карти беа земени“. На мое прашање од кого се земени,ме препрати кај неговиот шеф. Таму, пак,беше вистински хаос и информации не добив,  раскажува иселеничката.

Таа се вратила…