Австриските контроли направија хаос на патиштата во Унгарија

Хаос на патиштата во Унгарија. На автопатот кон границата со Австрија утрово била формирана колона во должина од 20 километри, откако австриските власти на источните гранични премини ги заостриле контролите на возилата во кои што би можеле да се кријат прокриумчарени бегалци.

Покрај на автопатот М1 кој исто така води кон границата со Словачка, Словенија и Чешка, гужва има и на споредната

Австрија ги засили контролите на граничните премини
Австрија ги засили контролите на граничните премини

Инаку ваквиот хаос на патиштата во Унгарија настана откако Австрија ги засили контролите на граничните премини. Одлуката на Австрија за засилени контроли следеше откако во текот на минатата недела во напуштен камион покрај автопат беа пронајдени 71 безживотно тело на бегалци кои пристигнале преку Унгарија.

Австриската министерка за внатрешни работи Јохана Микл-Лајтнер изјави денес за радиото ОРФ дека Австрија ја засилила контролата на источните граници.

Ќе спроведуваме контроли во неопределен период на сите поважни гранични премини во источниот регион и ќе ги прегледуваме сите возила кои што имаат можни места за криење луѓе кои што се жртви на трговија со луѓе, рече Микл-Лајтнер, пренесе британски Телеграф.

Во изминатите три дена Унгарската полиција соопшти дека фатиле 8.792 мигранти кои ја преминале границата, а најголем дел од нив дошле од Србија.

Петмина уапсени поради камионот со мртвите имигранти во Австрија
Петмина уапсени поради камионот со мртвите имигранти во Австрија

Исто така, во текот на вчерашниот ден унгарската полиција информира дека го уапсила петтиот осомничен за кого се верува дека е поврзан со смртта на 71 бегалци чиишто тела беа најдени во напуштениот камион во Австрија.

Со построгите контроли најдени над 200 бегалци и уапсени неколку криумчари

Според официјалните информации, властите во Австрија откриле околу 200 баратели на азил и уапсиле пет лица за трговија со луѓе, во рамки на новата операција што се спроведува на границите на земјата.

За неколку часа откако почнавме да ги спроведуваме овие мерки, за кои што постигнавме согласност со Германија, Унгарија и Словачка, успеавме да откриеме повеќе од 200 бегалци во слични такви возила а успеавме да уапсиме и неколку криумчари на бегалци, изјави Конрад Коглер генерален директор за односи со јавност во Министерството за внатрешни работи на Австрија.

Австриската министерка за внатрешни работи, на истата прес-конференција потенцира дека проверките што се преземаат на австриските гранични премини не се вообичаени гранични контроли.