Што гледате на фотографијава? Одговорот зборува за вашиот карактер

Што гледате на фотографијава? Одговорот зборува за вашиот карактер

Оваа позната оптичка илузија може да се види на два начини- и како патка и како зајак.

Што гледате прво? Не е толку важно…

Најважно е дали можете брзо да се движите меѓу тие две визии?

Најраната позната верзија на овој цртеж потекнува од 1892 година од Флегенд Блатер, германски хумористичен магазин, а сликата ја нацртал Лудвиг Витгенштајнт кој ја вклучил во своето дело Филозофски истраги, како средство за опишување на два различни начини на гледање: гледам дека/ гледам како.

Сликата, секако, всушност и не се менува, но вашето визуелно доживување минува низ преобразување. Поимите „патка“ и „зајак“ даваат програми кои му овозможуваат на мозокот да огранизира вистински црти на сликата и на поинаков начин.

Психологот и автор Ричард Вајсман дојде до заклучок токму таа способност на движење меѓу две визии се однесува на нивото на креативноста.

Тој тврди дека токму тој момент, кога ќе ја смените визијата меѓу патката и зајакот е како мала светлина во креативниот увид.

Колку брзо вие се префрлувате?