Патнички авион за секунда избегнал судир со руски воен ловец

Патнички авион на скандинавската компанија САС во последна секунда избегнал судир со руски воен ловец.

Леталата се разминале на само 90 метри оддаделеченост едно од друго, што е помалку од третина од општо прифатената минимална граница.

Инцидентот се случил над меѓународните води на 50 километри југоисточно од Малме.

Рускиот воен ловец од типот „Иљушин-20М“ не бил забележан ниту од предупредувачкиот систем на патничкиот авион на САС, ниту пак од командните пунктови на скандинавските воздухополвни навигатори, туку бил откриен од страна на една радрска станица која ги информирала пилотите на САС.