Патници преживеале траума во авион на пат кон Македонија

Патници вчера доживеале вистинска траума за време на летот кон Македонија.

Имено, летајќи кон Македонија, авионот бил зафатен од силни турбуленции по што, како што велат патниците кои утрово се јавија во нашата редакција авионот почнал неконтролирано да паѓа.

За среќа, присебниот и очигледно добро обучен екипаж брзо ја исконтролирал ситуацијата и успеал за триесетина минути авионот без никакви проблеми да го слета во Скопје.