Македонија,Крими хроника

Патнички и товарен воз се судрија кај Велес, нема жртви

Патнички и товарен воз се судрија кај Велес, нема жртви

Патнички и товарен воз се судрија попладнево околу 17:55, на железничката пруга Велес – Скопје, кај станицата Рајко.

Според порталот Република, неколку од повредените веднаш се пренесени во Клиничкиот центар во Скопје, додека останатите го чекаат својот превоз за да им биде укажана лекарска нега.

 

Локалниот портал Дума пак пушува дека нема жртви и повредени во несреќата.

 

Железничкиот сообраќај е во прекин, а се уште не се знаат причините поради кои дошло до судирот.

 

На местото на железничката несреќа се очекува да пристигнат јавен обвинител и увидна екипа на СВР Велес.