Свет

Патниците во рускиот авион страдале брзо, но морничаво

Патниците во рускиот авион страдале брзо, но морничаво

Руските медиуми ги објавиле првите резултати од форензичките анализи на телата на жртвите од урнатиот авион. Најголем дел од  патниците страдале од пикање на внатрешните органи. Забележани се тешки изгореници и влијание на други фактори. Досега рутински се прегледани околу 100 тела на загинатите патници.

Според првите извештаи авионот исчезнал во 6.14 часот од радарот, а во 6.17 часот паднал. Тоа значи дека агонијата на патниците траеа неколку минути, но нивните тела се пронајдени во многу лоша состојба.

Идентификацијата на сите тела би можело да потрае и неколку недели.

Немало повик за помош

Стручњаците за авијација и тероризам сметаат дека рускиот авион кој се урна во Синај, најверојатно е разнесен со бомба која го погодила авионот од земја, или била поставен аво него. Според нив, ова сценарио е пореално од тоа дека имало некој технички дефект.

Како еден од главните аргументи за оваа теза е дека немало повик за помош од членовите на екипажот. А, исто така, материјалот со кој бил прекриен трупот на авионоте излупен од надворешната страна, што укажува на силен удар одвнатре.

 

Според мислењето на неименуван руски стручњак за авијација, не е исклучено рускиот авион да бил разнесен и од помала бомба, која направила дупка во величина од лубеница. Тоа би било доволно да се наруши притисокот во авионот и да предизвика катастрофа.

Британскиот воен стручњак, Пол Бивер, изнел мислење дека џихадистите од ИД не можеле да го урнат авионот, бидејќи не поседуваат ракетен систем, како рускиот систем БУК, со кој е можно да се собори авион на висина од 10.000 метри.

Тој додал дека известувачките служби детално го надгледуваат Синајскиот полуостров, така што таков ракетен систем би се забележал.