среда, 28 јуни 2017  |  Вести денес: 11

Патнички воз кај Солун излета од шини и се заби во куќа

Од шините излетале електричната локомотива и пет вагони, и притоа локомотивата се забила во станбен објект

voz nesrekja

Поврзани вести

Најмалку десет лица се повредени во саботата навечер кога патничкиот воз „Intercity“ Атина – Солун, излета од шини во близина на Солун, крај местото Адендра .

Во возот, според првичните податоци, имало околу 100 патници. Несреќата се случила во 21,40 часот по локално време.

Од шините излетале електричната локомотива и пет вагони, и притоа локомотивата се забила во станбен објект. Причините за несреќата засега не се познати.

На местото на несреќата се ангажирани возила на итната медицинска помош и девет бригади на противпожарната служба. Според телевизијата Skai, засега не е прецизирана точната бројка повредени.

Најчитани вести