ФОТО: Поради експлозија, патник испаднал од авион

Патник испаднал од авион откако поради експлозија во авионот настанала дупка веднаш по полетувањето. Во авионот се слушнала силна експлозија и веднаш потоа избувнал оган, а повредени се двајца патници, пренесува „Дејли Експрес“.

Во авионот се спуштиле маските за кислород, а патниците биле преместени во задниот дел од авионот.

Поради експлозија, патник испаднал од авион
Поради експлозија, патник испаднал од авион

Околу 74 патници и екипажот на авионот на Даало Ерлајнс биле евакуирани откако авионот безбедно се приземјил. Авионот морал принудно да се спушти веднаш по полетувањето од аеродромот Могадишу во Сомалија.

Поради експлозија, патник испаднал од авион
Поради експлозија, патник испаднал од авион

Патниците велат дека прво се слушнал удар пред да избувне огнот и дека од страната на авионот се отворила дупка.

Мохамед Хасан, полицаец во градот Балад што се наоѓа во близина, вели дека жителите пронашле тело на повозрасен маж, што е можно да испаднал од авионот.

Според првичните тестови во авионот биле најдени остатоци од експлозив.