Патниот правец Кичево – Охрид кај Пресека затворен за сообраќај

Патниот правец Кичево – Охрид кај Пресека – Врбјани денеска од 15 часот краткотрајно ќе биде забранет за сообраќај.

Авто мото сојузот на Македонија информира дека патот ќе биде затворен во период од 30 до 45 минути поради минирање на овој дел од страна на фирмата „Машинокоп“.