Пато сега ќе го облече дресот на Интер

По пауза од неколку години, повремениот репрезентативец на Бразил, Александре Пато, најверојатно повторно ќе заигра во италијанската Серија А, но сега ќе го облече дресот на градскиот ривал на Милан, тимот на Интер.

Брзоногиот напаѓач неколку сезони ги бранеше боите на седумкратниот европски клупски шампион Милан, но поради честите повреди во 2013 година беше продаден на бразилскиот прволигаш Коринтијанс.

Откако не ги исполни големите очеквања, Пато пред неколку месеци беше продаден на Сао Пауло, но италијанските медиуми сега ја форсираат приказната дека агентот на бразилскиот интернационалец веќе неколку дена преговара со сопственикот на Интер, Ерик Тохир.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.