Патологот го поби Писториус: Рива не морала да оди во тоалет

На долгите и исцрпни рочишта полека се дознава вистината за инцидентот во домот на параолимпиецот Оскар Писториус, кој минатата година пукаше во својата девојка Рива Стемкап на Денот на вљубените.

Тој изјави дека пукал во неа бидејќи мислел дека станува збор за крадец, кога таа сред ноќ отишла во тоалет.

Но, на денешното рочиште патологот ги поби овие искази на Писториус кој е обвинет за убиство.

Патологот Герт Сајман појаснил дека манекенката јадела два часа пред нејзината смрт, а таа беше убина во три часот утрината , што значи дека последен пат јадела околу еден часот по полноќ. Овие негови докази се клучни во побивање на одбраната на Писториус кој тврди дека си легнале во 22 часот. Исто така патологот тврди дека во мочниот меаур на Рива имало само малку течност, што значи дека таа немала потреба да уринира. Параолимпиецот истакана дека Рива била во тоалет, кога тој пукал во неа мислејќи дека е крадец.