Патот до поранешните води преку креветот

Кога мажите пробуваат да ги подобрат односите со својата поранешна девојка, секогаш играат на картата „романтика“. А, жените? Тие своите поранешни партнери ги мамат преку „креветот“.

Истражувањето спроведено во Велика Британија покажало дека повеќе од половина луѓе пробуваат повторно да го освојат својот поранешен партнер купувајќи цвеќе или некоја друга ситница. Мажите подаруваат накит, долна облека, а дамите на поранешно-идните момчиња им подаруваат гардероба или компјутерски игри.

Изгледа дека тоа „пали“ бидејќи 62 отсто од мажите на овој начин успеале да се смират со својата поранешна девојка.
Оваа тактика главно ја користат мажите, со оглед на тоа дека три четвртини од испитаните жени рекле дека доколку сакаат да се смират со поранешниот партнер не купуваат подароци, туку преку креветот повторно ги освојуваат.

Има и мажи кои се служат со оваа тактика, но според истражувањето, нивниот број е многу помал од жените. Тие се дури една третина.

Околу 36 отсто од мажите се мачат и прават се што ќе им падне на памет за повторно да ја освојат девојката, а тоа го потврдуваат дека го сакаат дури 64 отсто од жените.

Истражувањето е спроведено на 1.927 испитаници од двата пола, кои се постари од 18 години.