Патот Градско – Неготино затворен за сообраќај

Делницата Градско – Неготино денес затворена за сообраќај.

Како што соопшти АМСМ, прекин на сообраќајот се очекува и во понеделник, на 2-ри ноември, на патот А2 Кичево-Охрид на делот меѓу Пресeка и село Врбјани, поради минирање. Сообраќајот ќе биде во прекин 15 – 20 минути помеѓу 14:30 – 16:30 часот.

Сообраќајот денеска на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.