Патот од Градско – Неготино утре затворен за сообраќај

Дел од автопатот А1, поточно делницата од Градско до Неготино утре од 5 до 18 часот ќе биде затворен за сообраќај поради снимањетона францускиот филм „ А фонд “, информираат од АМСМ, повикувајќи се на известувањето од Мануфактура продукција.

Во недела нема снимање и сообраќајот ќе се одвива нормално.

Сообраќајот на автопатот А1, од мотелот „Македонија“ до Градско, поради снимањето на филмот, денеска од 5 до 18 часот се одвива по стариот пат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.