Патот Штип-Радовиш затворен за сообраќај, се излеа Брегалница

Патот Штип – Радовиш е затворен за сообраќај, поради излевањето на Брегалница.

Од општина Штип сугерираат сите кои патуваат кон Лакавичкиот регион да го користат алтернативниот пат од клучката кај Три Чешми кон Радовиш.

Водениот бран од браната Калиманци пристигна во Штип. Заради зголемено ниво на водата, се апелира до граѓаните да бидат внимателни, стоката да биде повлечена на повисоки места и да се избегнува близок приод до реката.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.