Македонија

Патот што ги поврзува Битола и Новаци ставен во функција

Патот што ги поврзува Битола и Новаци ставен во функција

Регионалниот патен правец што ги поврзува општините Битола и Новаци повторно е ставен во функција и непречено се одвива сообраќајот на двете страни.

Екипи на РЕК Битола и ФОД-Новаци извршија транспорт и монтирање на цевките,  општина Новаци обезбеди тампон за засипување на патот кој неодамна беше пресечен како интервентна мерка за заштита од поплавите, истакна градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски.

– Поставени се две цевки со пречник Ф-1.800 како дел од импровизиран мост по кој веќе започна да се одвива сообраќајот. По стабилизирање на временската ситуација ќе се изгради и уреди трајно сообраќајно решение на овој дел од патот. Ова беше неопходно да се направи и заради нормално функционирање на комбинатот РЕК Битола, но и заради нормално функционирање на секојдневниот живот во општина Новаци, посочи Котевски.

Со решавањето на овој проблем се интезивираат можностите за помош и поддршка на населението во оваа локална самоуправа, а тие се големи, беше потврдено на утринската средба на градоначалникот Лазар Котевски со новинарите во општина Новаци