Патријарх Неофит: Со божја помош ќе им помогнеме на браќата Македонци

Бугарската православна црква и покрај критиките на СПЦ останува на ставот дека ќе стори се што може, согласно светите канони, да се признае автономијата на македонската црква, изјави бугарскиот патријарх Неофит.

Според него, признавањето на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, е „нешто во кое вреди да се вложи“.

Неофит, кој учествуваше на свечена литургија по повод празникот Света Марина, во истоимениот храм во Софија, уште еднаш го потенцираше решителниот став на бугарската црква да има се помогне на, како што рече, браќата Македонци.