Балкан

Патриот Матоши е уште еден Албанец кој загина за „калифат“

Патриот Матоши е уште еден Албанец кој загина за „калифат“

Уште еден Албанец од Косово, загина борејќи се во редовите на радикалните исламисти во Сирија. Приштинските медиуми наведуваат дека Матоши пред да замине во Сирија, бил ученик односно миленик на локалниот имам Зекрија Ќазиј.

Исто така наведуваат дека „касапот“ Лавридим Муџахери кој постана познат по тоа што на интернеt објави фотографија од егзекуција на момче во Сирија, сменет е од местото командант на албанските борци.

На негово место поставен е Ридван Хакифи.

Во редовите на радикалните исламисти во Ирак и Сирија се борат неколку стотина доброволци од Балканот, вклучувајќи и околу 150 Албанци.