Патриотските здруженија откажуваат присуство на прославата на Мечкин Камен

МПЗ Андон Лазов Јанев Ќосето нема намера да присуствува а најмалку да учествува на настан кој е организиран од нелигитимна Власт и нелигитимни преставници. Исто така за МПЗ Андон Лазов Јанев Ќосето пратеникот Талат Џафери не е легитимен Претседател на највисокиот орган Собранието на Република Македонија, за тоа тој не го заслужува аплаузот, почитта и аплаузот од страна на Здружението. Ние како здружение нема да газиме гробовите и коските на илинденците, и нема да бидеме дел од манифестација која е организирана од нелигитимни преставници, сопштува здружението преку својот ФБ профил.