Патувачко кино на „МакеДокс“ во Валандовско и Дојран

Патувачкото кино на „МакеДокс“ од денеска тргнува во Валандовско-дојранскиот регион. До 25-ти овој месец ќе посети 10 населени места во Валандовскиот регион, а со три проекции од 15 до 17 јули во Дојран ќе биде дел од креативното здружување „Д-Фестивал“.

Посеителите ќе имаат можност да погледат повеќе документарни филмови од архивата на Кинотеката на Македонија и од програмата на „МакеДокс“. Во рамки на „Д-Фестивал“ во Дојран ќе бидат прикажани филмовите „Ликвидатор“, „Дае“, „Ритам и вкус“, „Во потрага по Фела“, „Звукокршач“ и „Танцувајќи со Марија“.

Во изминатите шест години на „МакеДокс“ имало над 75.000 посетители.

Седмото издание на Патувачкото кино е поддржано од Агенцијата за филм на Република Македонија.