Спорт

Патувањето на Меси во Габон чини 3,5 милиони евра

Патувањето на Меси во Габон чини 3,5 милиони евра

Причините зашто, всушност, бил таму, се од финансиски карактер и воопшто не се потценување. Аргентинецот за двата дена во Габон заработил неверојатни 3,5 милиони евра од локалните власти бидејќи послужил како промоција на државата, а особено на Купот на африкански нации чиј домаќин ќе биде оваа земја во 2017 година.

Освен што го одбележа почетокот на изградбата на стадионот “Порт Жентил”, Меси стигна и на отворање на ресторан во сопственост на претседателот на Фудбалската федерација на Габон, Али Бонго.

Интересно е тоа што еден просечен Габонец треба да работи 350 години за да заработи 3,5 милиони евра.