По пауза од четири години Брено повторно заигра фудбал

Поради подметнување пожар, Брено служеше затворска казна

По пауза од четири години, Брено повторно заигра фудбал, откако дебитираше за Сао Пауло. Тој влезе во игра на мечот против Коринтијанс, што е негов прв натпревар по април 2011 година.

Дефанзивецот се врати во Бразил оваа година, откако претходно отслужи затворска казна во Германија поради намерно подметнување пожар во својата куќа. Брено беше осуден на четиригодишна затворска казна, но во декември 2014 година судот во Германија донесе одлука тој да биде пуштен на условно.

Преживеав навистина тежок период во Германија, но решив да ги оставам зад себе сите тие работи. Отсега, мислам само позитивно. Не ми се веруваше кога тренерот ме повика да влезам во игра. Им благодарам на сите кои ми помогнаа да се извлечам од целата ситуација. Посебно сум му благодарен на моето семејство, изјави 25-годишниот стопер.

Додека Брено беше в затвор добиваше финансиска помош од Сао Пауло и од Баерн Минхен. Поради подметнувањето пожар, тој нема да смее да влезе во Германија пред 2018 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.