Павел: НАТО ќе продолжи со политиката на отворени врати

НАТО ќе ја продолжи политиката на отворени врати за прием на нови членки, изјави во неделата во албанакта престолнина Тирана претседавачот на Воениот комитет на Алијансата, генерал Петер Павел.

„НАТО во континуитет ја следи политиката на отворени врати и цврсто останува на таквиот став“, изјави Павел на заедничка прес-конференција со началникот на Генералштабот на албанската армија, генерал Бардиљ Кољчаку за време на заседанието на Воениот комитет на НАТО во Тирана.

Павел нагласи дека има неколку земји кои сакаат да се приклучат кон НАТО и дека тие вложуваат најголеми напори за спроведување на реформите во сферата на одбраната.

„Кога ѓе ги исполнат бараните услови за членство, верувам дека ќе почне процес на преговори со нив, со цел да станат полноправни членки (на НАТО)“, порача генерал Павел.

Одговарајќи на новинарско прашање, тој нагласи дека засега сѐ уште не е постигнат договор меѓу Белград и Приштина околу војската на Косово, но додаде таа треба да се формира „во согласност со Уставот и законите на релевантните земји“.