Павел Шатев: Плодовите на илегалната кампања на СДСМ неприфатливи пред било кој суд

На СДСМ им е сосем јасно дека плодовите на нивната илегална кампања на соработка со подземни разузнавачки структури од земјата и во странство се неприфатливи пред било кој суд. Меѓународната пракса јасно вели дека монтирани разговори засновани врз извртени делови од снимки кои се стекнати на криминален начин не можат да бидат користени како доказ.

Ова меѓу другото стои во денешното соопштение што во јавноста го упати институтот „Павел Шатев“ како коментар на одлуката на Основниот суд Скопје 1 да ги отфрли материјалите на Заев како незаконски прибавени докази.

Во продолжение проследете го интегралниот текст од соопштението на Институтот:

СДСМ, нивните медиумски перјаници и наводните правни експерти кои работат по нивна нарачка ја понижуваат интелигенцијата на македонската, и стручната, јавност со обидот да ги извртат законските норми онака како што одговара на партиската политика на СДСМ, а спротивно на правната логика.

На СДСМ им е сосем јасно дека плодовите на нивната илегална кампања на соработка со подземни разузнавачки структури од земјата и во странство се неприфатливи пред било кој суд. Меѓународната пракса јасно вели дека монтирани разговори засновани врз извртени делови од снимки кои се стекнати на криминален начин не можат да бидат користени како доказ. СДСМ попусто се обдува да го лаже и своето членство, и да им се заканува на судиите и обвинителите кои постапуваат совесно и според единственото можно толкување на законот.

Со аргументите на СДСМ не се согласува ниту СДСМ. Нивните медиумски перјаници се сопнаа на ставовите кои самите ги изнесуваа пред само неколку месеци. Првиот новинарски стрелец на СДСМ Бранко Героски, во февруари одбиваше на порталот под негова контрола воопшто да објави снимки кои на јавноста и појаснуваа многу важни детали за аферата Пуч, се со цел да не го прекрши законот. Но денес, неговиот став се сврте за 180’степени и тој бара користење на нелегално прибавени и монтирани снимки како доказ пред суд.

Со неговото најново толкување на законот не се согласуваат ниту други правници, при што некои од нив, исто како Героски, и самите себе се демантираа. Професорот Гордан Калајџиев, во име на неколкуте човек фирма невладини организации каде е главниот и по се изгледа единствен експерт, бара овие незаконски креирани снимки да се користат како доказ. Истиот професор Калајџиев, во својата книга за Казнено процесно право, вели: судските одлуки не смеат да се засноваат врз незаконити докази. Нашиот ЗКП предвидува исклучување на правно невалидните докази, пропишувајќи во основните начела дека “доказите набавени на незаконит начин или со кршење на слободите и правата утврдени со Уставот, законот и ратификуваните меѓународни договори, како и доказите произлезени од нив, не можат да се користат и врз нив не може да се заснова судска одлука”.

Кој Калајџиев ја кажува вистината, претпладне кога им предава на студентите на Правниот факултет, или попладне кога дава изјави во име на невладини организации, а всушност во тесна координација со дневните потреби на СДСМ.

Потсетуваме на оценките на повеќе правни практичари како Александар Тортевски и Јован Трпеновски, цитирани во медиуми блиски до СДСМ, кои јасно му предочија на раководството на СДСМ дека нивните илегални снимки не можат да бидат користени како доказ.

Институтот Павел Шатев ја поддржува определбата постапките да се водат транспарентно и да овозможат на сите обвинувања кои во изминатите месеци СДСМ ги изнесе да се одговори со испитување и истражување на сите релевантни факти и нивно претставување пред јавноста, која ќе може да процени дали тие се основани или се лага и манипулација. Потсетуваме дека Јавното обвинителство веќе води истраги до цел да се утврдат вистинските факти во морето шпекулации и дезинформации кои СДСМ ги пласираше во изминатиот период. Но, Македонија не може да дозволи еродирање на правниот систем и виведување на беззаконие во судството само затоа што тоа одговара на тесните политички интереси на СДСМ. Внесување на беззаконие во судството ќе значи отворање на Пандорина кутија по што ќе се овозможи масовно кршење на правата на граѓаните, стекнување на материјали нанилегален начин и нивна злоупотреба за политички или лукративни цели,’за што постојат сериозни сомнежи дека СДСМ веќе со месеци го прави. Прифаќањето на оваа пракса ќе значи дека и во иднина ќе бидеме соочени со илегално прислушкување без судски налог.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.